More

    А што со ознаката „МК“ на сообраќајните дозволи? Уште една дилема за граѓаните

    spot_img

    Во јавноста се отвора голема дилема дали сообраќајните дозволи за возилата ќе важат при излез од земјава, или при влез во Грција, затоа што на нив, без оглед како е напишано името на државата, во голема видлива ознака на предната страница стои со големи букви старата кратенка „МК“.

    Дури и на тие сообраќајни дозволи, на кои името е Република Северна Макдонија, кратенката е „МК“, наместо „NMK“. Не е јасно зошто се издавале дозволи со новото име, а со старата кратенка.

    Земајќи го ова во предвид, доколку грчките цариницни тврдо се придржуваат на Договорот од Преспа, тоа значи дека никој возач со возило регистрирано во Македонија не би можел да влезе во Грција!

    МВР во соопштението во кое извести за стапувањето на сила на документите со новото име на државата, извести дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија. За сообраќајните не беше ништо нагласено.

    Притоа наведе дека, согласно закон, во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните ќе мора да ги сносат последиците, зашто осигурителните компании нема да ги признаваат документите со старото име.

    Останува отворено прашањето дали тоа важи и за сообраќајните дозволи кои имаат кратенка „МК“, а не „NМК“.

    Исто така се наметнува прашањето, ако Грија инсистира сообраќајните дозволи да имаат кратенка „NМК“, дали ќе мора да се менуваат и сообраќајните дозволиили и за нив ќе се бара некое алтернативно решение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img