Украинското обвинителство гони уште речиси 300 осомничени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од рускиот напад врз Украина, пред една година, украинските судови досега осудија 26 осомничени лица и поднесоа обвиненија против речиси 300 лица, изјави денеска Мирослава Красноборова, украинската обвинителка која ги координира случаите за воени злосторства во Хаг.

Британските медиуми ја цитираат Красноборова во изјавата дека 26-те лица биле осудени за злосторства, вклучувајќи и силувања, убиства, гранатирања станбени згради, сурово постапување со цивили и грабежи….

– Од 24 февруари минатата година Украина досега има регистрирано повеќе од 71.000 наводни воени злосторства, кажа таа.

– Суровоста и уништувањето предизвикани од Русија се колосални и бескрајни – рече Красноборова.Според неа, милиони Украинци во оваа една година биле принудени да остават се зад себе и да си заминат од домовите.

– Масовните ракетни напади ја уништуваат цивилната инфраструктура и многумина трагично ги загубија животите – рече таа.

Красноборова изјави дека тоа што е направено не може да се врати, но она што може да се направи е одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

– За воени злосторства досега се обвинети вкупно 296 лица, а украинските судови во моментов работат на 99 случаи – додаде таа.

Русија негира дека извршила воени злосторства и дека цивили биле нејзина цел.

Share This Article