Бака Прасе, се огласи на социјалните мрежи и го прекина неколкунеделниот молк и бројните шпекулации за неговиот приватен и деловен живот кои нагло се сменија по смртта на младата јутјуберка Кристина Ѓукиќ Кика.
Накратко – девојката го остави, спонзорите ги раскинаа договорите со него, па Бака, со вистинско име Богдан Илиќ, сѐ уште не знае дали ќе се врати на снимањето видео содржини.
„Се случија две работи кои ме скршија психички и кои ја убија секоја желба за снимање во јавниот живот. Првата е секако ситуацијата со Кика, а втората е раскинувањето со Ања. Двете ситуации многу лошо влијаеа на мене и тешко ги надминав. Медиумскиот линч што го доживеав по Кика влијаеше на мене сѐ полошо со текот на времето. Луѓето на интернет почнаа да се вртат против мене и да ми покажуваат со прст на улица, „колегите“ ја искористија можноста да ме прозиваат и да соберат прегледи на јутјуб, одење во полиција и слично. Згора на сѐ, јас и Ања раскинавме, и тука „пукнав““, напиша Бака на Инстаграм.
„Не можев да се вразумам цел јануари. Го поминав во кревет, мислејќи: „Што да правам со мојот живот? Честопати сум велел дека ќе престанам да снимам во моментот кога веќе нема да сакам да го правам тоа… Дојде тој момент. Тогаш решив да се откажам и никогаш да не се вратам на Јутјуб. Не можев повеќе да издржам, емоционално и психички бев скршен. Многумина мислат дека морам да снимам затоа што живеам од тоа, но интересен е фактот што од инцидентот со малолетниците, во 2020 година, не сум земал динар од спонзори и дека година и пол заработувам само од прегледите на Јутјуб, а како што знаете, тоа и не е некоја сума“, откри тој.
„Искрено, ми беше премногу тешко и решив да се повлечам. Се посветив на себе, тренинзите, менталното и физичкото здравје, семејството и моите искрени и вистински пријатели кои не ми го свртеа грбот. И конечно, после долго време, повторно сум среќен, почнав да го живеам животот во потполност, тренирам, работам и уживам во животот“, признал Бака Прасе.
За популарноста што ја ужива меѓу младите во последните години говори и фактот што за нешто помалку од шест години од рекламите на Јутјуб заработил околу 100.000 евра.
ФОТО: Инстаграм