Швајцарскиот часовник кој српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го носи на својата рака вреди 24.100 долари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Novak Djokovic of Serbia celebrates winning the set Australian Open, Day Twelve, Tennis, Melbourne Park, Melbourne, Australia - 27 Jan 2023,Image: 752259300, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no
- Advertisement -
Ad image

Швајцарскиот часовник кој српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го носи на својата рака вреди 24.100 долари и ни оддалеку не е најскапиот модел, ниту од својата марка, ниту меѓу часовниците кои ги носат други светски познати тенисери. Елегантниот „Hublot Big Bang Meca 10 ceramic“ кој Новак го имаше на зглобовите на пресконференција во Белград го привлече вниманието на десетина новинари, пишуваат српските медиуми.

Но, спореден со часовникот „Ричард Мил“ вреден 725.000 долари кој го носеше Рафаел Надал, соперникот на Ѓоковиќ, или пак со 18 милиони долари вредниот часовник „Jacob & Co. Billionaire Watch“ на Флојд Мејведер кој беше украсен со дијаманти, она што го носеше Ѓоковиќ изгледа прилично евтино.

Часовникот на Ѓоковиќ е од фирма со која тој има спонзорски договор, а обично го става на своите зглобови по натпреварите. Тој има вакви договори со повеќе компании, а некои од нив го напуштија поради контроверзиите кои настанаа во врска со вакцината за време на пандемијата со ковид-19 и фијаското што се случи во Австралија.

Share This Article