Ливерпул ја има една од најлошите сезони во поновата клупска историја. Токму затоа, според медиумите, челниците на повеќекратниот европски првак се сретнале во Англија, а главна тема била судбината на тренерот Јирген Клоп.
Германецот сериозно ја тресе клупата на која седна во 2015 година и од која постигна неколку одлични резултати со „црвените“.
Годинава Ливепул испадна од двата англиски купа, во Премиер лигата е на седум бода до пласман во Лигата на шампионите, а блиску е до испаѓање од најсилното европско натпреварување откако на домашен терен загуби од Реал Мадрид со 5:2.
Водечките луѓе на Ливерпул го гледаат Клоп како главен виновник за оваа ситуација и сметаат дека на тимот му е потребна нова енергија. Во оваа ситуација се чини дека разделбата е неизбежна, а прашање е само дали харизматичниот Германец ќе добие отказ или сам ќе си поднесе оставка.
Како можен наследник веќе се споменува сонародникот на Клоп, Џулијан Нагелсман, стратегот на Баерн Минхен.