More

    Програмерите најплатени во земјава

    spot_img

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34.364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 %, објави денеска Државниот завод за статистика.

    Највисоки плати земаат работниците во секторот „воздухопловен транспорт“, каде за месец декември е исплатена просечна нето плата од 94.537 денари. Нивните плати од декември лани пораснале 4,8%. Следни на листата се вработените во ИТ секторот. Во секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“, Државната статистика измери просечна плата од 88.192 денари, што е раст од 12,3% споредено со истиот месец лани. Трети на оваа листа, најплатени работници, се вработените во „дејности за изнајмување и давање под закуп (лизинг), каде во декември лани исплатена е просечна плата од 78.405 денари.

    Од Статистика додаваат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20,4 %), Уметност, забава и рекреација (20,2 %) и Административни и помошни услужни дејности (19 %).

    Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,4 %), Дејности во врска со недвижен имот (10,2 %) и Уметност, забава и рекреација (8,4 %).

    Како што објави ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 51.387 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img