Шенген визите ги одвраќаат туристите од земјите со најголем патувачки потенцијал

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кинеските туристи кои најавија враќање на Балканот по пандемските години ќе ја заобиколат земјава, бидејќи за да дојдат ќе треба да извадат шенген виза за која треба да потрошат многу нерви и време. Проблемот со затворените граници на земјава за туристи од повеќе земји досега е неколку пати актуализиран од туроператорите, но нема никаква реакција од институциите за олеснување на постапката за туристи.

Туристичките работници велат дека проблем е во тоа што како држава не знаеме да го искористиме навреме потенцијалот за патување на земјите со бројно население, имаме слаба промоција која се остава на приватниот сектор во туризмот, а економските промотори речиси и не се интересираат за оваа проблематика. Дополнително не се обидуваме да го олесниме визниот режим или да ги користиме искуствата на другите од регионот. Нема ниту стимулации за негов развој на хотелиерството ниту за дојдовниот туризам.

Србија веќе најави дека од април до јуни ги очекува првите 1.000 туристи од Кина во таканаречените балкански тури кои ги организираат двата најголеми кинески тур-оператори „Caissa Group“ и „Utour Group“.

Од Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) велат дека има неколку причини поради кои во земјава нема не само кинески туку и туристи од други потенцијални земји за привлекување туристи.

– Имаме директен авионски лет Белград – Пекинг, а се најавуваат и летови од Софија за Кина, но ние поради  неразбирлив проблем не можеме да организираме тури од Кина ниту, пак, да се вклучиме во балканските тури бидејќи имаме шенген виза која е комплицирано да се извади, па туристите не сакаат да трошат време за тоа. Србија, Црна Гора и Албанија кои упорно се борат и за овие туристи, освен што или немаат визи или имаат олеснет пристап до нив, одлучија да ги прифатат бугарските визи за туристите од Кина и други земји и со тоа го олеснија доаѓањето на туристички групи. Ние, работиме спротивно, дури не ги признаваме ниту бугарските визи за овие туристи. Регатираме со години, даваме предлози, но нема повратна реакција од институциите. Се поставува прашање – зошто државата не му помага на дојдовниот туризам? Дали не му верува на секторот дека ќе успее да донесе туристи или можеби се плаши дека Кинезите ќе остануваат да работат овде? Да потсетам дека Кина е втора светска сила и економија која се развива многу брзо технолошки, побрзо и од ЕУ, па многу е мала веројатноста дека некој ќе сака да работи за плата како во земјава – вели Влатко Сулев претседател на НАИТМ.

Работата е толку жална, додава тој, што јас преку мојата агенција може да носам кинески тури во Бугарија, Србија, Албанија или во Црна Гора, но не и во Македонија.

– И тоа го правам бидејќи јас живеам од оваа работа. Така ќе се случи и годинава. Деновиве, заедно со други 25 тур-оператори од земјава ќе учествуваме на промоцијата во Бугарија. Моја поволност е што имам соработка во овие земји и можам да носам туристи од странство за нив. Испаѓа дека ќе носам странски тури во земјите од регионот, а во мојата земја не можам да донесам туристи, само поради визниот режим. Значи не е проблем ние да се избориме за туристите, туку се проблем сопките кои ни се ставаат од државата да го реализираме тоа. На крајот со нашите резултати поврторно се фали некој кој не дал ништо за да се постигне тој резултат – додава Сулев.

Според него, друг проблем е што државата не вложува во промоција на земјата како туристичка дестинација и не ги помага хотелиерите и туроператорите.

– Немаме речиси никаква промоција. Годишно за промоција се издвојуваат 100 милиони евра што е многу мала сума за да се постигнат добри резултати. Нема стимулации ниту за тур-операторите, ниту за хотелите. Да го земеме примерот на Албанија. Таму хотелиерството се развива со брзина на светлината, ама се знае која е користа од туризмот. Кај нас на хотелиерите им се додаваат само давачки од кои не можат да кренат глава, наместо да им се дозволи да се развиваат – додава тој.

- Advertisement -
Ad image
Александар Кузмановски: Приватниот туристички сектор сам се промовира и се бори за туристи, но ни треба поддршка и од државата.

И неговиот колега Александар Кузмановски смета дека покрај затворената граница која ги одвраќа кинеските туристи од земјава, промоцијата е слабата точка.

– Не се проблем само визите, иако секој којшто патува не сака да троши време за вадење на виза, ние речиси немаме никаква државна промоција во земјите кои се потенцијал за привлекување туристи. Државата не се промовира во Кина. Досега државата организирала настап само на неколку саеми што не е доволно, ако нема континуитет. Приватниот туристички сектор сам се промовира и се бори за туристи, но ни треба поддршка и од државата. Ние имаме економски промотори во светот, но тие не се интересираат за туризмот и ништо не прават за промоција – вели Кузмановски кој е потпретседател на НАИТМ.

Според него, визите се проблем и за туристите од други земји.

- Advertisement -
Ad image

– Индија, на пример, е најнаселена земја и има огромен потенцијал за агенциите кои се занимаваат со дојдовен туризам, но и за оваа земја ние имаме шенген виза, а промоција воопшто нема. Меѓутоа сите земји кои сметаат на труизмот не размислуваат така. Тие се борат за туристи на секаков начин. Да ја земеме само соседна Србија, таа уште за време на ковид кризата постепено ги укина мерките за туристите од Индија и презеде повеќе активности да привлече што поголем број туристи од таму и сега има ефекти од тоа.Нивните туристички статистики покажуваат многу. Но, ние никако не успеваме да реагираме навреме за да обезбедиме поволности за да можат странските туристи полесно да доаѓаат во земјава – додава Кузмановски.

Податоците презентирани од Државниот завод за статистика покажуваат дека лани во периодот јануари – декември во земјава престојувале 537 436 странски туристи, од нив само 1.039 се кинески туристи.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за годинава си даде задача да обезбеди повеќе од 3,2 милиона ноќевања и и прилив на 430 милиони долари. Најави многу нови проекти, национална кампања на youtube и google, туристичко брендирање на земјава како дестинација, патно означување на туристичките атракции, брендирање на граничните премини, дигитализација, како и градење на платформата Е-туризам. Но, сето тоа го насочува на земјите од поблискиот регион, а за олеснување на визниот режим за земјите речиси и да не зборува.

Share This Article