Кремљ: На речиси сите странски медиуми им беше одбиена акредитацијата за обраќањето на Путин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russian President Vladimir Putin gives his annual state of the nation address in Moscow, Russia, Tuesday, Feb. 21, 2023. (Sergei Savostyanov, Sputnik, Kremlin Pool Photo via AP)
- Advertisement -
Ad image

Речиси на сите странски медиуми присутни во Русија им беше одбиена акредитацијата да известуваат за вчерашното обраќање на претседателот Владимир Путин за состојбата на нацијата во парламентот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Навистина, речиси сите странски медиуми присутни овде во Русија побараа акредитација, но ние одбивме да ги акредитираме“, рече Песков на новинарско прашање дали новинари од „непријателските земји“ се акредитирани за настанот, пренесува ТАСС.

Вчера, само неколку дена пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, Путин го одржа своето годишно обраќање за состојбата на нацијата, во кое изјави дека Русија се обидела мирно да го реши конфликтот во Донбас во источна Украина и го обвини Западот дека е виновен за војната во Украина.

Песков претходно изјави дека странските новинари ќе можат да го гледаат ТВ преносот од обраќањето на претседателот.

Share This Article