Хрватската пејачка Северина деновиве објавува видеа и фотографии од Малдивите каде го прослави роденденот на синот Александар, а нејзините поранешни партнери Игор Којиќ и Милан Поповиќ се сретнаа на вечера во еден загрепски ресторан.
Читател на хрватски „Индекс“ ги снимал Игор Којиќ и Милан Поповиќ во познат ресторан во Загреб. Пред два дена таму вечерале и разговарале заедно, а според читателот потоа им се придружила и една жена со црна коса.
Да потсетиме, Којиќ и Поповиќ се помирија минатото лето и оттогаш интензивно се дружат.
Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.