Јирген Клоп не можеше да извлече многу позитиви од горчливата вечер на „Енфилд“ синоќа.
„Почетокот беше фантастичен. Тоа бевме ние. Беше совршено, точно како што сакавме да играме. Целото прво полувреме беше добро освен примените голови. Во првото бевме малку пасивни високо, но второто беше шлаканица“, изјави Клоп за БТ Спорт по победата на Реал со 5-2 над Ливерпул во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
„Начинот на кој се браневме против третиот гол не беше добар. Тоа не помага против тим кој е неверојатен во контра напад. Не можевме да се вратиме. Како што го одигравме првото полувреме, моравме да ги одиграме сите 95 минути“.
Иако разликата е голема, Клоп не се откажува.
„Предизвикот е огромен, дали треба да играме во Премиер лигата пред тоа и да се погрижиме да научиме нешто од овој натпревар. Мислам дека Анчелоти мисли дека се е решено. И јас мислам така. За три недели, можеби ќе биде поинаку. Одиме таму за да победиме, само тоа можам да кажам“, заклучи потресениот Германец.