Повеќето луѓе можат да го визуелизираат најдобриот оброк што некогаш го јаделе или лицето на некој близок, но има и такви кои не можат.
Станува збор за феномен наречен афантазија, кој се опишува како „неможност да се создаде визуелно искуство кога размислуваат за работи во нивно отсуство“, а луѓето кои го имаат обично не можат да ги замислат ликовите и околината на книгите што ги читаат, пишува CNBC.
Луѓето со афантазија сочинуваат 3 до 4 отсто од светската популација, вели д-р Адам Земан, кој разговарал со повеќе од 10.000 од нив.
Во далечната 1973 година, психологот Дејвид Маркс разви прашалник кој ги охрабрува луѓето да визуелизираат различни сценарија и потоа да ги оценат своите способности, а тоа може да покаже дали имате афантазија.
Замислете изгрејсонце.
– Можете ли да замислите како сонцето изгрева над хоризонтот во облачно небо?
– А сонцето што изгрева додека небото е ведро и сино?
– Можете ли да ги видите облаците и бурата со молњи?
– А виножитото што се протега по небото?
Оценете ги способностите врз основа на скалата:
– Нема слика.
– Темна и нејасна слика.
– Донекаде јасна и живописна слика.
– Чиста и живописна слика.
– Совршено чиста и живописна слика, речиси како всушност да ја гледате.
Како луѓето добиваат афантазија и дали можете да ја промените?
Ако не можевте да замислите ниту една слика, големи се шансите да имате афантазија, што обично е нешто со кое луѓето се раѓаат и има врска со генетските предиспозиции.
Иако некои луѓе се обиделе, тоа не може да се промени, но тоа не значи дека не можете да бидете креативни со него.
Некои луѓе со афантазија се свртуваат кон кариера на попрактични работи, но има и такви кои се занимаваат, на пример, со пишување или дури и цртање.
Еден забележлив исклучок од ова правило е Глен Кин, аниматорот кој ја нацртал Ариел од Малата сирена, кој вели дека не може да ја замисли во својата глава, иако тој ја создал.
Тој вели дека нема визуелна идеја за тоа што ќе нацрта додека не го види на хартија, туку едноставно го следи концептот што сака да нацрта, пренесува City Magazine.