Група новинари и тинк-тенкови од светот добија увид во руски документ од 17 страници наречен „Стратешки цели на Руската Федерација во правец на Белорусија“, според кој Кремљ планира да преземе целосна контрола врз политиката, економијата и воениот потенцијал на Белорусија до 2030 година, пренесува Киев Индепендент. Веста ја пренесоа и западните медиуми.
Според документот, Кремљ планира целосно да ја преземе Белорусија до крајот на деценијата, а документот го составувале луѓе од армијата, од ФБС(поранешна КГБ), ГРУ и администрацијта на Путин. Целите биле поделени на краткорочни (до 2022 година), среднорочни (до 2025) и долгорочни (2030) планови.
Според документот, Русија треба да го зголеми своето воено присуство во земјата, бројот на руските медиуми и да постигне превласт на рускиот јазик над белорускиот, а процедурата за издавање руски пасоши на граѓаните на Белорусија, исто така, би била поедноставена, со што ќе се „создаде слој Руси заинтересирани за интеграција“.
Руските власти би отвориле испитни пунктови за пропаганда низ целата земја и би основале повеќе центри на наука и култура во Могилев, Гродно и Витебск.
Русија и Белорусија потпишаа договор за сојузна држава уште во 1999 година, а преговорите се одолговлекуваа цели 20 години. Уште во 2019 година беше објавено дека земјите успеале да договорат 28 синдикални програми поврзани со економски прашања како што е усогласувањето на монетарната политика и даночното законодавство.
Откако го видел документот, американскиот амбасадор во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Мајкл Карпентер за новинарите изјавил:
– Целите на Русија во однос на Белорусија се исти како и во однос на Украина, само во случајот со Белорусија Русија се потпира на принуда, а не на војна.
Групата новинари кои работеле на приказната вклучува новинари од Делфи(Естонија), Центарот за досиеја(Велика Британија), Експрес(Шведска), Фронтстори(Полска), ВСквер и Белорускиот Истражен центар(Полска), Зидојче Цајтунг и Вестдојчер Рундфунк(Германија) и Јаху Њуз(САД).