Владимир Путин се обрати пред Руското Федерално собрание, неколку дена пред годишнината од почетокот на инвазијата на Украина. Тој најави дека Русија од денеска го прекинува учеството во Договорот за намалување на стратешкото оружје.
Тој потсети дека минатата недела ја потпишал одлуката за ставање во борбена готовност новите стратешки ракетни системи распоредени на копно.
На почетокот на говорот тој рече дека зборува во комплицирано и предизвикувачко време за Русија, кога во светот се случуваат драстични промени, пренесува Би-би-си.
Тој посочи дека историските настани ќе ја одредат судбината на Русија и дека сите во таа земја имаат голема одговорност.
Путин тврди дека Русија сакала на мирен начин да го заврши конфликтот во регионот на Донбас и дека декларираната посветеност на Западот за мир е измама и лага.
Во него се наведува дека Киев се обидел да дојде до биолошко и нуклеарно оружје.
„Правиме се што е можно овој проблем да се реши на мирен начин, но зад нашиот грб се подготвува сосема поинакво сценарио. „Западот само си играше и замижуваше пред политичките убиства“, рече тој.
Тој ја обвини Украина за започнување на војната и посочи дека „Украина и Донбас станаа симболи на лагата“.
„Ќе повторам, тие се виновни за војната, а ние употребуваме сила за да ја спречиме“, рече Путин, по што доби аплауз од пратениците.
Тој смета дека на конференцијата во Минхен, одржана минатата недела, биле упатени низа обвинувања против Русија. За војната го обвинува и Западот, велејќи дека го пуштиле „џинот од шишето“ и го втурнале целиот свет во хаос.
„Тие не забележуваат трагедии и човечки жртви. Тие продолжуваат да крадат од сите додека се кријат зад пароли за демократија и слобода“, рече рускиот претседател.
Тој го обвини Западот дека „му го отворил патот“ на нацистите да дојдат на власт во 1930-тите и дека се обидувал да ги „распарчи историските територии на Русија“ од 19 век.
Тој, исто така, вели дека Западот ја финансирал револуцијата во Украина во 2014 година, кога беше соборена проруската влада.
„Западот сака да го претвори локалниот конфликт во глобален“, тврди тој.
„Западните санкции не успеаја“
Владимир Путин смета дека западните санкции против Русија пропаднале.
Нема да дозволиме исти грешки и да ја загрозиме нашата економија“, рече тој.
Тој вели дека западните санкции биле дизајнирани да страдаат руските граѓани, но не успеале во тоа и додава дека руското учество во меѓународните трансакции е двојно зголемено.
„Сите религии во светот велат дека семејството е заедница на маж и жена“
Во продолжение на говорот, претседателот на Русија зборуваше за правата на ЛГБТ заедницата.
„Семејството претставува заедница на маж и жена“, изјави тој, додавајќи дека „секој свет текст на секоја религија на Земјата го кажува тоа“.
Но, додава тој, Западот се сомнева во светите текстови.
Тој рече дека нивна задача е „да ги заштитат децата од деградација и дегенерација“.
„Нашите херои се борат да ја исправат историската неправда“
Зборувајќи за Луганск и Доњецк, Путин го нарече населението таму „браќа и сестри“, додавајќи дека тие сега се „повторно заедно, што значи дека сме уште посилни“.
Тој истакна дека едвај чека да се врати „долгоочекуваниот мир“ во татковината.
Тој им се заблагодари на граѓаните на четирите украински региони, кои на референдум минатата пролет гласаа за приклучување на тие региони кон Русија.
Ројтерс/Спутник/Дмитриј Астахов/Базен
„Нема похрабра одлука од вашата да бидете со Русија, со својата татковина. Нашите херои се борат за нашите предци, за иднината на нашите деца и внуци и за исправање на историската неправда“, нагласи тој.
Тој ги повика присутните да станат и да им оддадат почит на руските војници кои загинаа во оваа војна.