Дагестан е руска република позната по своите борци во различни боречки вештини, но се повеќе вести за нив спаѓаат во црната хроника.
Еден таков доаѓа од Дербент, град на брегот на Каспиското Море во близина на границата со Азербејџан.
Има голем број на организации и светски првенства во џиу-џицу, а еден од повеќекратните шампиони во тој спорт беше Видади Марданов, 32-годишниот маж кој беше убиен пред сопствениот дом во текот на утрото од понеделник до Вторник.
На пресметката е поканет Марданов, кој беше и претседател на NFC MMA граплинг лигата, пишуваат руските медиуми. Тој ја напуштил својата куќа по 4 часот наутро, а потоа бил егзекутиран.
Напаѓачите испукале од огнено оружје и побегнале во Лада, јавуваат медиумите изјави на сведоци.
Полицијата во Дербент набрзо ги објави имињата на напаѓачите. Станува збор за дуо во средината на дваесеттите години, Тимур Асадомов и Абдумуслим Мртазалиев.