Конкурс за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува :

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

  1. II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1.да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;

2.да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
3. да не повторувале година во текот на образованието;

- Advertisement -
Ad image

4.да имаат континуирано  примерно поведение;

  1. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  2. да се државјани на Република Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

- Advertisement -
Ad image

-остварениот успех,

-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

  1. 1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2022/2023 година;
  2. Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
  3. Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
  4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
  5. Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  6. Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
  7. IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 07.03.2023 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на учебната година.

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  20.03.2023 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

Конкурс-ученички стипендии (комплетна документација)

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

Share This Article