„СПОРТСКИ ДЕН“ ВО ВЕЛГОШТИ ПО ПОВОД 142 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ООУ„Живко Чинго“ од Велгошти во соработка со Сојузот за училишен спорт, Охрид организира „Спортски ден“ за учениците во основните училишта во Општина Охрид по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров.

Натпреварите ќе се одиграат на 03.03.2023 година (петок) со почеток од 09:00 часот во училишната спортска сала во Велгошти која го носи името на македонскиот револуционер.

Натпревари ќе се одиграат во следниве дисциплини:

-Фудбал за ученици од шесто и седмо одделение (максимум 12 играчи);

-Баскет за ученици од осмо и девето одделение (3+1, машки и женски);

-Шах за ученици од прво до девето одделение ( 2 машки, 2 женски);

-Пинг понг за ученици од шесто до девето одделение (2 машки, 2 женски).

 

Натпреварите се бодуваат во рамките на училишните спортски лиги при Сојуз на училишен спорт Охрид. Предвидени се следните награди:

- Advertisement -
Ad image

 

-Фудбал: Пехар за освоено 1-во, 2-ро, 3-то место;

-Баскет: 3 пехари во машка и 3 пехари за женска конкуренција;

- Advertisement -
Ad image

-Шах: 3 медели во машка и 3 медали во женска конкуренција;

-Пинг понг: 3 медали во машка и 3 медали во женска конкуренција.

Share This Article