Светот загуби една некогаш голема атлетска ѕвезда, Американецот Грег Фостер.
На 64-годишна возраст почина Грег Фостер, легендарниот американски спортист и во текот на 80-тите години на минатиот век, еден од најдобрите светски спортисти на 110 метри со пречки.
Во изминатите неколку години, Фостер се бореше со амилоидоза, ретка болест во која акумулацијата на протеини предизвикува оштетување на различни органи. На крајот на краиштата, поради оваа болест, Фостер беше принуден да направи трансплантација на срце пред три години.
Фостер во текот на кариерата освои дури три златни медали на светските првенства. Тој беше најдобар во 1983 година во Хелсинки, 1987 година во Рим и 1991 година во Токио. Тој освои сребрен медал на Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес.
Своето најдобро време на омилената трка, 13.03, инаку 32. најдобро време на сите времиња, го истрча во 1981 година во Цирих.