Принцот Вилијам (40) и принцезата Кејт (41) присуствуваа на доделувањето на наградите БАФТА во неделата вечер. Совршено средени привлекоа внимание, а потоа Кејт направи нешто што изненади многумина.
Додека одеа, принцезата го „плесна“ Вилијам по задникот.
Откако го „плесна“ се насмеала, а принцот не разбрал што се случува. Нејзиниот потег насмеа многумина, а видеото стана хит на социјалните мрежи.
Кралската двојка била видно расположена и не ја симнувале насмевката од лицето.
Принцезата пристигнала на доделувањето на наградите во лелеава бела креација на луксузната куќа Александар Мекквин, а модната комбинација ја заокружила со пар црни ракавици.
Таа го носеше истиот фустан на доделувањето на наградите БАФТА во 2019 година, но годинава го рестилизирала за церемонијата, пишува „Дејли мејл“.
Од деталите, принцезата избрала златни обетки на „Зара“. Станува збор за накит кој секој може да си го дозволи, бидејќи за пар треба да потрошите помалку од 15.95 евра.
Принцот Вилијам носеше црн смокинг со соодветно кадифено палто. Модната комбинација Вилијам ја комплетирал со црна машна.