Дваесет и деветгодишниот Неда Ергун веднаш по земјотресот во Турција отишол во погоденото подрачје, таму се претставувал како неврохирург и измамил десетици луѓе. Тој собирал пари од луѓе за наводно да купи лекови, а бил приведен во Истанбул кога било откриено дека не е лекар.
Инаку, Ергун е измамник од претходно познат на полицијата и уште пред земјотресот имал криминално досие за 40 различни измами. На вториот ден од земјотресот на сите во Хатај им се претставувал како неврохирург. Зел пари од десетици луѓе на кои им рекол дека ги собира за да купи лекови.
Некои од волонтерите дури ги продале своите телефони за да му дадат пари на Ергун. Кога се дознало дека не е лекар, бил уапсен во Истанбул.
Една од неговите жртви бил Самет Чинар, директор на каменоломот во Истанбул.
– Испративме тим за пребарување и спасување од 80 луѓе од Истанбул во областа на катастрофата. Овој измамник ни се придружи вториот ден велејќи „Јас сум неврохирург“. Тој рече дека се вика Ертугрул. Објасни дека потекнува од многу богато семејството, дека и мајката и таткото биле лекари, потоа рекол дека имал средба во Истанбул и дека ќе се врати веднаш по средбата и си замина – рече Чинар.
По пат, вели, рекол дека итно морал да испрати пари на сметка на роднина, но дека сметката му е во странство. Четворица пријатели од тимот на Чинар собрале и испратиле 20.000 турски лири.
– Измамникот се претстави како Ертугрул, но побара пари за сметката на Неда Ергул. Кога нашиот пријател кому му ги испрати парите се посомнева, истражувавме и ги видовме објавите на луѓето кои претходно ги измамил на социјалните мрежи – рече тој.