More

    Од Вучиќ едно „sorry“ за Синиша Мали

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ утрово со министерот за финансии Синиша Мали ги посети работите на изградбата на железничката станица Прокоп во Белград и изрази задоволство што работите напредуваат, јавија српските медиуми.

     

    Вучиќ во таа прилика носеше дуксер со натпис „Sorry“ (жалам или извини).

    – Ова „Sorry e за Синиша Мали што морав да го разбудам толку рано – напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.

    Пред тоа министерот Мали на својот профил се пожали дека Вучиќ „го малтретира“.

    – Сега е седум часот и триесет минути. Некој ми го уништи неделното утро со моите деца и семејството, но, на крајот, не е лошо што дојдовме да ги посетиме работите на изградбата на прекрасната железничка станица Прокоп. И тој е задоволен, се надевам дека нема да ме малтретира следниот викенд – напиша Мали.

     

     

    Вучиќ изјави дека очекува работите на главната железничка станица Прокоп да завршат на Денот на ослободувањето на Белград на 20 октомври годинава.

    Белград остана без главната железничка станица во 2018 година, кога неговата стара зграда, која е под заштита на спомениците на културата, беше затворена по 134 години, поради изградбата на проектот „Белград на вода“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img