Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко призна дека сонува да влезе во рингот со претседателот на Русија Владимир Путин, наведувајќи дека „би сакал да го нокаутира Путин“, но и дека тоа е „само фантазија“.
Кличко, на прашањето на новинар на Билд дали ќе го нокаутира Владимир Путин, одговори: „Секако дека би сакал да го нокаутирам Путин, но тоа е само фантазија“.
Според Кличко, „Путин моментално го доживува својот личен нокаут на фронтот“, каде, како што наведе, украинските војници херојски се борат и нанесуваат тешки порази на руската армија.
Градоначалникот на Киев изрази уверување дека Украина ќе ја добие војната со Русија, но посочи и дека итно и треба повеќе оружје, муниција и борбени авиони.