More

    Експерт советува како да се фати хакерот на ФЗО

    spot_img

    Еден од начините да се открие кој стои зад нападот е да се следи текот на парите исплатени како откуп – вели Божидар Спировски, директор за информативна сигурност во компанијата „Блу дот“ во интервју за Мета.

    – Ова е до некаде возможно и при користење на криптовалути, кои иако се анонимни, се потполно транспарентни при трансферот на средства. Преносот на криптовалута од една анонимна сметка на друга анонимна сметка е потполно видлив на интернет. Ако истражните органи се доволно трпеливи, а криминалецот направи грешка и на некој начин да ‘му се испушти’ дека анонимната сметка е негова, може да се лоцира – вели Спировски.

    Хакерскиот напад во ФЗОМ направи големи проблеми во здравствениот сектор на земјава, а

    јавноста упати низ критики и бараше одговори каде потфрлила безбедноста на оваа институцијаНадлежните соопштија дека станува збор за нападот со тнр. „ренсомвеар, софтвер кој ги криптира базите на нападнатата институција, и за да биде овозможен пристап, хакерите бараат да им се исплати „откупнина“, најчество во криптовалути.

    Надлежните исто така тврдат дека „нема одлевање“ на податоците од базите на Фондот.

    Според Спироски вели дека досегашните информации за јавноста се недоволни за да се знае што точно се случило.

    – За жал, при последниов инцидент, добиваме само половични, недоречени изјави, капка по капка. Јавноста сè уште не знае што точно е настанато, поради што, и со кои механизми на потврда е дојдено до заклучок дека податоците не се украдени, туку се шифрирани.

    Единствен сигурен начин да се вратат податоците без да се плати откупот е да имате направено копија на податоците (бекап) на место кое не е достапно за „ренсомвер“ вирусот за да ги шифрира – вели Спироски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img