Поранешниот претседател Ѓорге Иванов учествува на Светскиот форум за демократија и мир 2023 во Берлин

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов учествува на Светскиот форум за демократија и мир 2023 во Берлин каде што во обраќањето кажа дека општ заклучок на сите годишни извештаи и демократски индекси за 2022 година е дека светот станува сѐ помалку демократски, демократијата секаде се соочува со опаѓање, а автократијата е во пораст.

Иванов се обрати на главната тема „Зголемени закани за демократијата насекаде низ светот“, но посебно се осврна на темата на неговото излагање „Преживување на демократијата“.

– Демократијата секаде се соочува со опаѓање, додека автократијата е во пораст. На глобално ниво бројот на земјите кои се движат кон авторитаризам, во последните шест години е двојно поголем од бројот на земји кои се движат кон демократија. Се влошуваат граѓанските слободи и владеењето на правото, а авторитарните влади стануваат сѐ повеќе репресивни – рече Иванов и нагласи дека светот се соочува со повеќе кризи истовремено, почнувајќи од порастот на трошоците за живот до ризикот од нуклеарен конфликт.

Овие кризи, според него, доведуваат до опаѓање на демократските стандарди во светот и предизвикуваат ерозија на демократијата.

– Високата инфлација, економските проблеми, кризите во снабдување со енергија, кризата со храна, опаѓањето на животниот стандард, двојните стандарди во однос на миграцијата и бегалците. На глобално ниво демократијата се соочува со различни закани, а сѐ поактуелен станува проблемот со легитимноста на изборните резултати, ограничувањето на слободите и правата на интернет, тврдокорната корупција, растот на екстремни политички партии – рече Иванов.

Тој нагласи дека во повеќе земји постои голема политичка поларизација, дисфункционалност на институциите и загрозување на граѓанските слободи и права, а како најсуштествени актери за јакнење на автократските системи и ерозијата на демократските норми се посочуваат политичките и економските елити кои сакаат да го заштитат својот клиентелистички и корумпиран систем.

– Треба секогаш да се има предвид фактот дека демократијата не е постојана и статична состојба, туку е во постојано движење и претставува процес на промена и усовршување. Затоа, мора да го проценуваме и да го развиваме демократскиот систем во согласност со потребите и предизвиците на нашето време, за да можеме да го заштитиме и усовршиме како држави и како меѓународна заедница – истакна Иванов.

Форумот што се одржува од 16 до 18 февруари, го организира Академијата за културна дипломатија, а на него учествуваат поранешни претседатели, премиери и политичари.

Светскиот форум за демократија и мир (2022-2027) е петгодишен проект кој се одвива почнувајќи од јули 2022 година и го спроведува Академијата за културна дипломатија во соработка со глобални меѓународни организации, национални влади, меѓународни корпорации и водечки академски институции. Институтот за културна дипломатија е основан во 1999 година во САД и е меѓународна, непрофитна, невладина организација со седиште во САД и Германија. Институтот за културна дипломатија е основан со цел да ја промовира културната дипломатија на глобално ниво, а со тоа да придонесува за постигнување глобален мир преку зајакнување на меѓукултурните односи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article