Иако повременото ноќно потење е доста честа појава и најчесто е предизвикана од прегреана просторија или претешки ќебиња, доколку често се потите навечер, тоа може да биде знак за одредени здравствени проблеми кои треба да се третираат. Како што објаснуваат лекарите, постојат неколку различни причини за ноќното потење.
„Нормално е да се доживее варијации во температурата на телото додека спиете, а понекогаш тоа може да доведе до потење“, вели д-р Арти Рам, невролог и специјалист за медицина на спиење во Хјустон Методист. „Иако овој феномен е разбирливо непријатен, ноќното потење е главно безопасно. Меѓутоа, во некои други случаи тоа може да биде знак за одредени медицински состојби“.
Како што објаснува Рам, ноќното потење може да биде предизвикано од консумирање алкохол пред спиење, високи нивоа на стрес, високи температури во просторијата каде што спиете и одредени видови лекови. Имено, лековите кои најчесто може да резултираат со зголемено потење во текот на ноќта се антидепресиви, лекови за хормонска терапија, лекови за хипертензија и лекови за хипогликемија.
Покрај тоа, ноќното потење е често еден од првите знаци на менопауза кај жените. Рам наведува дека дури 75 отсто од жените имаат проблеми со зголемено ноќно потење за време на менопаузата.
Во некои случаи, ноќното потење се јавува како резултат на медицинска состојба или болест, вклучувајќи:
сериозни инфекции како што се ендокардитис и туберкулоза
нарушувања на спиењето, вклучително и опструктивна ноќна апнеја
„Спиењето и потењето се многу сложени процеси кои реагираат на многу знаци и дефинитивно можат да влијаат еден на друг“, вели д-р Рам, пренесува Индекс. „Ако редовно се будите со потење, чувствувате ненадејно потење во текот на ноќта проследено со слабеење или ако ноќното потење ве спречува да спиете квалитетно, време е да разговарате со вашиот лекар“.