На електронските адреси на 12 училишта во Скопје денеска е упатена закана за оставена експлозивна направа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На електронските адреси на 12 училишта во Скопје денеска е упатена закана за оставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Дојави за бомби има цела недела во скопските училишта, а закани беа испратени и до две училишта во Куманово и четири во Прилеп. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори. Досега, како што информираше МВР сите дојави за бомби се лажни.

Share This Article