Манекенката и актерка Тони Гарн (30) синоќа присуствуваше на премиерата на филмот „She Came To Me“ во Берлин, во склоп на Меѓународниот филмски фестивал Берлинале и измами воздишки…
За црвениот тепих Тони Гарн се одлучи за ефикасна креација составена од долго, тесно здолниште и топ-маица со проѕирен дел – креација на Армани. Завидната фигура на манекенката дојде до израз од секој аспект, но и еден детаљ – прстен на носот.
Германската манекенка е една од најпознатите во модниот свет. Тони Гарн кариерата ја започнала на 15 години на ревија на луксузниот бренд Келвин Клајн. Работела и за „Диор“, „Шанел“, „Долче и Габана“, а соработувала и со брендот „Викторијас сикрет“. Таа се појави на насловните страници на „Вог“, „Космополитен“, „Ел“, „В магазинот“, „Гламур“…
Таа се појави во сериите „You Are Wanted“, „Head Full of Honey“, како и во спотот „La Cintura“.
Нејзината извонредна убавина го маѓепса и холивудскиот срцекршач Леонардо Дикаприо со кој беше во врска од 2013 до 2014 година.
Тони Гарн сега е во среќна врска, свршена е со актерот Алекс Петифер, со кој има ќерка.
На годинашното Берлинале ќе продефилираат бројни светски ѕвезди. Американската актерка Кристен Стјуарт е претседателка на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.