Шолц: Нема единство во однос на санкциите против Русија и испораката на оружје за Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Германија нема единство кога станува збор за испорака на оружје за Киев и санкции против Русија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на Минхенската безбедносна конференција.

– Да, има некои, и ние сме во демократска земја, кои не се толку убедени дека е навистина добра идеја да се воведат сите овие санкции и сето ова оружје да и се достави на Украина. Сепак, дури и мнозинството од тие луѓе на крајот признаваат дека владата мора да носи одговорни одлуки – рече Шолц.

Канцеларот напомена и дека поддржувачите на испорака на оружје понекогаш се принудени да признаат дека таквите одлуки се донесуваат колективно, на ниво на партнерската заедница.

Според него, Германија не го продолжува конфликтот во Украина со снабдување со оружје на Киев.

– Разбирам дека некои луѓе се загрижени и поставуваат прашања за одлуките што ги донесовме, но сакам да им кажам: тие не ја продолжуваат војната со нашето доставување оружје, туку напротив, рече Шолц.

Тој додаде дека Германија со своите дејствија стави крај на десетгодишниот принцип да не се доставува оружје во конфликтните зони.

Шолц ги повика сојузниците кои можат да испорачаат борбени тенкови на Украина треба тоа да го сторат сега.

Тој додаде дека Германија ќе помогне со обезбедување логистика, пополнување на резервите и обука на украински војници.

– За мене тоа е пример за тоа што лидерите можат да очекуваат од Германија … Украина добива најголема поддршка од Германија од сите земји во континентална Европа. Земјата ќе продолжи да одржува рамнотежа меѓу поддршката на Киев и избегнувањето на ескалација – посочи Шолц.

- Advertisement -
Ad image

По зголемениот меѓународен притисок минатиот месец, германската Влада објави дека ќе и испорача на Украина модерни тенкови Леопард 2 од воените резерви за да и помогне да се одбрани од Русија.

Share This Article