Истражувачкиот новинар Сејмур Херш кој напиша цела сторија како САД со помош на Норвешка активирале експлозив под вода за да пукнат цевки од гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море смета дека тоа е една од најглупавите одлуки на Американците донесени во последните години.
Некогашниот новинар на њујоршки Тајмс и добитник на Пулицерова награда предупреди и дека потегот ќа има „ужасни“ последици за Европејците и дополнително го поткопува и онака „крајно бескорисната“ Алијанса НАТО.
Говорејќи во интервју за „Демократија сега!“, Херш го претстави својот неодамнешен извештај за уништувањето на гасоводите што се случи лани во септември.
– Мислам дека ова веројатно беше, според мислењето на некои од луѓето кои го изведоа тоа, една од најглупавите работи што ги направила американската влада (на Бајден) во изминатите години, а внимавајте, ние веќе поминамве четири години под Трамп – вели тој.
Херш се осврна на економските последици од пукнатата цевка.
– Познавам луѓе кои сега плаќаат пет пати повеќе за струја. Луѓето плаќаат три или четири пати повеќе за бензин. Нема доволно од тие енергенси сега. Тоа е многу скап – рече тој, тврдејќи дека Европа сега е принудена да добива енергија од други извори освен од Русија, вклучувајќи ги и самите Соединетите Американски Држави.
– И мислам дека тоа ќе го поткопа НАТО, за кој секогаш сметав дека е крајно бескорисен“, додаде тој.
Додека администрацијата на Бајден гласно го негираше извештајот на Херш, при што портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс го нарече „целосна и целосна глупост“, новинарот остана на својот неименуван извор, инсистирајќи дека информациите што му беа пренесени се точни.
Херш рече дека ќе продолжи да известува за ова прашање во иднина, велејќи дека има „сè уште работи за кои треба да пишувам“.
Кремљ побара од Вашингтон објаснување за наводите на Херш за Северен тек.