Бајден ги нарече новинарите неучтиви, а хакерите возвратија со монтиран клип

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со зборовите „одморете ме малку“, односно „дајте олабавете“ и „можете да дојдете во мојата канцеларија и да го поставите тоа прашање кога ќе имаме поучтиви луѓе“, американскиот претседател Џо Бајден ја заврши својата пресконференција за незнајните објекти соборени над САД и Канада, а новинарите пак не ги добија посакуваните информации, пишува Њузвик.

Новинарите бурно го прашуваа дали можеби претерал со реакцијата кон Кина во однос на белиот кинески балон за кој САД претходно рекоа дека бил дел од голема разузнавачка операција.

Во краткиот осумминутен говор Бајден откри дека нема докази дека балонот, кој беше прв меѓу соборените НЛО-а, бил кинески или дека биле „надзорни возила од која било друга земја“. Тој вели дека САД уште не знаат што точно се овие објекти.

– Сегашната проценка на разузнавачката заедница е дека овие три објекти најверојатно биле балони врзани за приватни компании, рекреација или истражувачки институции кои го проучуваат времето или спроведуваат други научни истражувања – рече Бајден.

 

 

Овој нов „приземјен“ и реалистичен став на американската администрација за незнајните објекти, сепак, не ги спречи хакерите да направат дипфејк-видео, длабоко маскиран клип, во кој претседателот Бајден лажно вели дека речиси е сигурно дека објектите се вонземски. Овој нов клип брзо се прошири по Твитер и по многу медиуми, иако, се работи за лажна вест.

Начинот на којшто вештачката интелигенција може да го измонтира ова изгледа навистина реалистично и уверливо. Погледнете:

 

- Advertisement -
Ad image

 

Бајден во монтираниот клип вели:

– Како врховен командант на здружените сили на Соединетите Американски Држави, денеска сум овде да ве информирам дека голем број неидентификувани летечки објекти се појавија над многу делови од нашата земја. Иако нивното точно потекло останува целосно да се утврди, ФБИ ме информираше дека е многу веројатно дека станува збор за посетители од вонземска природа.

- Advertisement -
Ad image

– Го советувам американскиот народ да остане смирен, да не паѓа во паника и да чека дополнителни најави. Ќе ја надминеме оваа закана, со доверба и внимателност – додава монтираната лажна верзија на американскиот претседател.

Еден експерт вели дека на 0:22 од видеото, откако Бајден ги спомнува вонземјаните тој прилично кратко паузира, додека неговите усни продолжуваат да зборуваат. Тоа е доказ за лажноста на видеото.

Клипот пак искористен за да се направи лажирање на гласот на Бајден е стар клип од Бајден од 9 ноември минатата година, кога тој исто така зборувал во Белата куќа.

Share This Article