More

    Никола Карабатиќ поради здравствената состојба привремено ја прекинува кариерата

    spot_img

    Францускиот ракометар Никола Карабатиќ поради здравствени причини привремено ќе мора да ја прекине ракометната кариера.

    Неговиот клуб ПСЖ објави дека Карабатиќ има проблеми со коагулација или згрутчување на крвта, а поради ризиците не може ниту да тренира со својот тим, бидејќи ќе се лекува со терапија против згрутчување на крвта, која не дозволи контакт каков што се случува во ракометот.

    Од клубот најавија дека некогаш најдобриот светски ракометар ќе мора да паузира долга.

    „Карабатиќ ќе мора да следи терапија базирана на антикоагуланси. Овој третман не е компатибилен со контактните спортови на високо ниво, па играчот ќе биде надвор од терените најмалку три месеци“, велат од ПСЖ.

    Иако сезоната за него е речиси сигурно завршена, постои можност Никола Карабатиќ да се врати, доколку ПСЖ се пласира на фајналфорот во Лигата на шампионите, кој ќе се игра во јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img