More

    Милијардерот предвидува распад на Русија на помали републики

    spot_img

    Милијардерот Џорџ Сорос изјави во четвртокот дека поразот на Русија во Украина ќе резултира со колапс на она што тој го нарекува „руска империја“, пренесува Ројтерс. Ова би било поздравено од поранешните советски републики, објасни тој во онлајн-говорот на безбедносната конференција во Минхен.

    Милијардерот изјави дека САД ќе ја поддржат Украина, но дека претседателот Џо Бајден го предупредил украинскиот лидер Володимир Зеленски дека постојат граници и дека Третата светска војна мора да се избегне.

    Сорос не го откри изворот на оваа информација.

    Познатиот инвеститор и филантроп оцени дека руската армија има лоша команда и е слабо опремена и деморализирана, но дека претседателот Владимир Путин се свртел кон платеничката група Вагнер за воено да ѝ се спротивстави на Украина и дека тоа дава резултати на краток рок.

    Тој исто така посочи дека Украина има шанса на пролет кога ќе го добие оружјето што ѝ го вети Западот.

    – Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат Русите да бидат поразени во Украина бидејќи сакаат да ја зацврстат својата независност – изјави Сорос.

    – Ова значи дека украинската победа би резултирала со колапс на руската империја. Русија повеќе нема да биде закана за Европа и светот. Тоа би била голема промена на подобро – додава тој.

    По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, беа формирани 15 независни републики, иако Русија сè уште е најмоќна меѓу нив, останува светска сила и го има најголемиот нуклеарен арсенал во светот.

    Една од многуте мапи за замислената поделена Русија што може да се најде на Интернет, ѝ ја остава на Руската Федерација само нејзината западна територија. Потоа по големина би следеле републиката „Коми“ и „Република Урал“, „Сибирска Република“, „Република Саха“ и „Република на Далечниот Исток“. Според мапата, на крајниот југ би биле „Алтај“, „Тува“ и „Бурјатија“, додека на југозапад би имало осум мали републики – „Мордовија“, „Татарстан“, „Удмуртија“ …

    Сорос во својот говор ја спомна и ситуацијта со Кина. Милијардерот изјави дека стратегијата на претседателот Си Џинпинг за нулта толеранција за ковид-19 ја разнишала довербата во Комунистичката партија.

    – Сегашната ситуација ги исполнува сите предуслови за промена на режимот или револуција. Сепак, тоа е само почеток на нетранспарентен процес чии последици ќе се чувствуваат долго време. На краток рок, Си веројатно ќе остане на власт бидејќи тој цврсто ги контролира сите инструменти на репресија. Сепак, убеден сум дека Си нема да остане доживотно на функцијата и додека е претседател, Кина нема да стане доминантна воена и политичка сила, што е неговата цел – нагласи Сорос.

    Според познат милијардер, Русија и Кина се водечки членки на групата „затворени општества“ во подем, каде што поединецот е подреден на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img