Српската пејачка Ана Николиќ одлучила да плати речиси 50.000 евра за детоксикација на телото која трае две недели во една од најпознатите клиники во Австрија.
Ана за ноември годинава закажала голем солистички концерт во Штарк Арена, во Белград, па поради тоа одлучила навреме да се подготви и физички и ментално за концертот.
Програмата за детоксикација што ја избрала Ана е исклучително интензивна и помага да се регенерира и релаксира целото тело.
„Ана е свесна дека пред концертот во Белград ја очекува напорен период, а со оглед на тоа дека ова ќе биде вистински музичко-визуелен спектакл со голем број танчари и дека ќе има тешка кореографија, која бара физичка подготвеност, таа одлучи да биде максимално подготвена. Пријателите и колегите предложија да посети една од познатите приватни клиники во Австрија, каде престојувале многу јавни личности од Србија, а која се занимава со детоксикација на телото. Станува збор за место кое се наоѓа во мирен дел на Клагенфурт со поглед кон езерото, а целата програма е прилагодена така што по завршените третмани и прегледи, личноста која ќе се подложи на детоксикација ќе биде исклучително физички и психички подготвена за сите животни предизвици. Програмата се базира на холистички третмани, масажи, лимфна дренажа и консумирање на природни чаеви специјално подготвени за оваа клиника. На Ана многу ѝ се допадна целата приказна, особено кога ѝ беше препратена веб-страницата на клиниката каде што можеше да види како изгледа сето тоа, рекол извор за српските медиуми.
„Ана е перфекционист и конформист. Сака да си угодува самата на себе и сака да ѝ биде многу убаво. Кога ги погледнала фотографиите од клиниката, сфатила дека таму може да биде и еден месец, а не само две недели. Луксузно опремената вила на езерото била доволна причина Николиќ да закаже престој. Со оглед на тоа што само еден ден ја чини околу 3.100 евра, за две недели ќе потроши близу 50.000“, изјавил изворот за српски „Ало“ и додал дека пејачката се воодушевила кога видела еден од третманите во таа клиника.
Истиот извор вели дека покрај лимфната дренажа и абдоминалните масажи, Ана ќе се подложи на детоксикацијата на телото која се нарекува „обвиткување во цвеќе“.
„Станува збор за третман каде лежите покриени со слама и одбран вид на цвет со цел организмот што побрзо да закрепне и од него да се извлечат сите токсини. Ана се пошегувала со пријателите дека ќе спие на слама.