Откако се дозна за проблемите во врската меѓу актерката Меган Фокс и музичарот Машин Ган Кели , се појавија обвинувања дека виновна е гитаристката Софи Лојд

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откако се дозна за проблемите во врската меѓу актерката Меган Фокс (36) и музичарот Машин Ган Кели (32), се појавија обвинувања дека виновна е гитаристката Софи Лојд (26). A, сега таа проговори за сѐ, пишува „Пејџ сикс“.

Британската гитаристка ги нарече обвинувањата „безмилосни“ и „нечесни“, објави нејзиниот менаџерски тим.

„Софи Лојд е професионална, успешна музичарка кој непотребно е вовлечена во оваа медиумска приказна врз основа на неосновани обвинувања изнесени на социјалните мрежи. Секоја сугестија дека таа некогаш постапила непрофесионално или дека поради тоа ја прекинала својата врска, е неточна. Непочитување е кон неа како уметник да се известува на таков начин и да се пишуваат такви коментари“, стои во официјалното соопштение на нејзиниот тим.

Софи му се придружи на Машин Ган Кели на неговата турнеја минатата година, која започна во јуни, а заврши во октомври. Таа повеќе од пет години е во врска со Кристофер Пеинтер, кој е тапанар и тонски инженер, а тој ја поддржувал на нејзините настапи. На „Денот на вљубените“ таа сподели фотографија со своето момче на социјалните мрежи, на која изгледаат вљубено.

Да потсетиме, гласините за раскинувањето на славната двојка започнаа откако Меган Фокс објави фотографија на Инстаграм со опис во која споменува неверство. Многу фанови потоа почнаа да коментираат дека се сомневаат дека МГК ја изневерил со гитаристката Софи.

„Можеби јас бев со Софи“, кратко одговорила Меган, а набрзо го избришала и својот инстаграм-профил.

Инаку, Меган во минатото присуствувала на многу настапи и проби на турнеи, а се наведува и дека воспоставила пријателски однос со сите во бендот.

Share This Article