Урнебесно видео објавено на Тик Ток во кое туристи кои планираат да дојдат во Македонија бидуваат обучувани како во војска да се штитат од галамата која по цела ноќ излегува од кафаните.
– Мислите дека ова е гласно?! Ова не е ништо. Да ве видам како ќе спиете кога во Македонија ќе ви свири гласна музика од пет различни кафани во исто време! – им вели наредникот на група војници кои се сместени во некаков камп, а притоа плех-оркестар свири во собата.
Наредникот во собата намерно испукува и петарда под нечиј кревет, алудирајќи на буката од петарди што обично се случува за новогодшните и божиќни празници.