Закажан протест за во петок, жените во Скопје не се чувствуваат безбедно

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жени во Скопје во петок ќе излезат на протест бидејќи се чувствуваат небезбедни поради повеќе инциденти. Претходно неделава скопјанка сподели фотографии од нејзината мајка која била нападната од разбојник во влез на зграда во Карпош. Таа вели „видеото нема да го објавам затоа што ми се превртува желудникот“.

Во случајот со жената, полицијата реагирала брзо, а МВР информира дека ограбени се вкупно шест објекти во оваа скопска населба. Уапсен бил 39-годишен скопјанец. Мајката на жената има повреди на окото, вратот и на раката.

„Жени, мајки, девојки, девојчиња и сите останати, внимавајте, Скопје одамна не е безбедно место за живеење! И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се. Мајка ми е добро, но стравот е поголем. Комшии, кога ќе слушнете повик за помош, не игнорирајте“, пишува во јавната објава на скопјанката.

Ова не е првпат преку апели, скопјани да се штитат од разбојници и крадци.

Протестот на жените во петок ќе започне во 15 часот пред Министерството за внатрешни работи, соопшти Медуза, непрофитен онлајн-медиум за кој самите велат дека е сочинет од ентузијасти и ентузијастки за феминизам, родова еднаквост и ЛГБТИ+ права.

„Во изминатиот период имаме пораст на случаи на родово-базирано насилство: таксисти кои напаѓаат девојки, партнери кои ги претепуваат и пукаат во своите девојки, сексуално уценување на 14 годишно девојче од страна на повеќе мажи, а листата секојдневно се надополнува“, пишуваат од Медуза.

Според написот, протестирачите имаат неколку барања:

„Бараме санкции за нестручните полициски службеници кои ги изложуваат жртвите на дополнително вознемирување.

- Advertisement -
Ad image

Бараме обучени полициски службеници кои ќе си ја вршат работата за која се платени.

Бараме секоја пријава да биде третирана со максимална професионалност, но и да биде дочекана со емпатија, солидарност и поддршка.

Бараме да бидеме безбедни во своите градови, улици и живеалишта“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article