Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, апелираше во Анкара Финска и Шведска, чии кандидатури за Атлантскиот сојуз беа блокирани од Турција од мај, „сега“ да бидат вклучени во НАТО.
„Сè уште мислам дека сега е време да се ратификува членството и на Финска и на Шведска“, рече Столтенберг на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Генералниот секретар на НАТО дојде во Турција за да покаже поддршка по разорниот земјотрес на 6 февруари, во кој загинаа повеќе од 36.000 луѓе.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот на февруари рече дека турскиот парламент може да го ратификува членството на Финска, без Шведска, која Анкара продолжува да го блокира.
„Не би било реално да се каже дека Шведска целосно ги исполни своите обврски кои произлегуваат од меморандумот за разбирање потпишан во јуни меѓу Турција, Шведска и Финска“, рече Чавушоглу.
Тој повтори дека Турција е подготвена „да го оцени процесот за членство на Финска во НАТО одвоено од процесот на Шведска“, а Столтенберг, исто така, за првпат јавно зборуваше за можностите за таков предлог претходно оваа недела.