Седумнаесетгодишната Алејна Олмез е спасена од урнатините во Турција 248 часа по земјотресот што ги погоди јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија.
Таа беше извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.
Екипите на земјата додека ги пребаруваа урнатините слушнаа глас. После тоа, 17-годишната Алејна била спасена и пренесена во болница.
Спасувачките екипи веќе 11 дена работат на пребарување и спасување на луѓето под урнатините.
Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, погодија 11 провинции, уништени илјадници згради и погодени повеќе од 13 милиони луѓе.
Во моментов на терен работат повеќе од 253.000 членови на тимови за пребарување и спасување. Вкупно 216.347 лица се евакуирани од регионите во Турција погодени од земјотресот.