Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија.
Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од 9 милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција.
Меѓу донаторите имало турски политичари, државни институции и граѓани, јави Анадолија. Турската централна банка беше најголемиот донатор, која вети 1,6 милијарди долари, додека банките Зираат и Вакиф донираа 1 милијарда и 637 милиони долари.
Во акцијата учествуваа речиси сите турски филмски и телевизиски актери кои се јавуваа на телефоните на кои се донираше, како и други јавни личности.