Министерката за култура одговори на бројните обвинувања за средствата од конкурсот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Партиска припадност никогаш не била и нема да е критериум на овој конкурс за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Никогаш повеќе ова Министерство нема да одлучува по партиски клуч, онака како што беше до пред неколку години, како што сите паметиме дека тоа се случуваше, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска по брифингот со медиумите.

Според неа, секој квалитетен проект за кој Комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи.

– Никогаш да не се гледа на индивидуалност, да не се гледа на партиска припадност, како што сум сигурна дека тоа комисиите ниту за овој повик не го правеа – нагласи Костадиновска – Стојчевска.

Во однос на издавачите, министерката за култура потенцира дека тече времето за поднесување жалби. Рокот за поднесување жалби е 15 дена.

– Ги повикувам сите кои сметаат дека на било кој начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија и имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба. Комисијата сето тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби – рече министерката за култура, апелирајќи до сите да го искористат овој правен механизам.

Изминатиот период имаше реакции во однос на конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес.

Share This Article