More

    Социјално ранливи семејства од Гевгелија ќе можат да аплицираат за социјален стан

    spot_img

    52 семејства од социјално ранливите категории граѓани од Гевгелија се на чекор од добивање покрив над глава. За жителите на овој град утре ќе биде објавен повик кој ќе трае до 20 март. Според Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје, Зоран Ѓоргијев, ваквиот чекор е само уште една потврда во насока на континуираната грижа за лицата на кои им е потребна помош од овој тип.

    Во краток временски период јавно се објавени повици за распределба на социјални станови во повеќе општини, а поголем дел од овие објекти се веќе распределени. Во иднина ќе бидат згрижени и семејства од други општини каде градбите се во тек“, посочи Ѓоргијев

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварскиги повика заинтересираните лица да аплицираат во Центарот за социјални работи во Гевгелија чии службеници, доколку имаат потреба, ќе им помогнат во процесот на комплетирањето на документацијата. На располагање ќе им биде и петочлената комисија којашто е формирана од страна на Министерството за транспорт и врски. Право на пријавување имаат следните категории граѓани: Деца над 18 години без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца. Изразувајќи задоволство од досегашната динамика на изградба на социјалните згради, Бочварски ги посочи како исклучително успешни преелиминарни распределби на социјални згради во Гостивар, Пробиштип, Виница и Свети Николе.

     Ќе продолжиме со распределба на социјалните згради во Демир Капија и во Неготино. На терен активно се работи на изградба на овој тип згради во Велес, Скопје, Кочани и во Дебар“, рече Бочварски. Ваквиот интензитет на градба соред него само ја потврдува грижата за најранливите категории граѓани, и тоа особено сега, во период на енергетска и економска криза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img