Српскиот актер Милош Биковиќ веќе извесно време ужива во врска со својата избраничка, адвокатката Ивана Малиќ, а судејќи по фотографиите на Инстаграм, нивната љубов „цвета“ и двајцата поминуваат многу време заедно.
Често патуваат заедно, а сега ги посетија и Малдивите, од каде се огласија на своите профили на социјалните мрежи.
Парот престојува во рајски ресорт на Малдиви, а Милош оттаму постојано објавува фотографии.
Ивана притоа, на една до фотографиите го покажа своето заносно тело, а коментарите само продолжија да пристигнуваат. Најмногу имаше такви кои ѝ даваа комплименти на Малиќ за нејзиниот изглед.