Познатиот пејач Марк Ентони и неговата нова сопруга Надја Фереира ја споделија среќната вест со светот – двојката го очекува своето прво заедничко дете, додека на Марк тоа е седмо по ред.
Славниот 54-годишен пејач и младата 23-годишна манекенка веста ја објавија на Инстаграм и тоа на „Денот на вљубените“, со фотографија на која се гледа ја држи раката на трудничкиот стомак на својата сопруга.
„Најдобар подарок за „Денот на вљубените“ досега. Боже, ти благодарам за овој голем благослов во нашите животи“, напишала убавата бринета со фотографијата.
Веста за бременоста дојде само две недели откако двојката се венча на раскошна церемонија во Мајами. Двојката не откри во кој месец од бременоста е Надја ниту кога очекуваат да се роди бебето.
Ентони зад себе веќе има шест деца. Со поранешната девојка Деби Росадо ја има 29-годишната ќерка Аријана Муниз, а со неа го посвои синот Чејс Муниз. Во бракот со неговата прва сопруга Дајанара Торес, тој имаше две деца – Кристијан и Рајан Муниз. Заедно со колешката Џенифер Лопез ги доби синовите Ема и Макс.