Познат турски готвач пристигна во регионите погодени од земјотресот за да подготви оброци за преживеаните од земјотресот со својот тим.
Солт Бае, чие вистинско име е Нусрет Ѓокче, постави мобилна кујна каде подготвува и доставува 5.000 оброци дневно.
По пристигнувањето во зоната на катастрофата, Солт Бае и неговиот тим готвачи неуморно работеа за да подготвуваат оброци во големи котли и контејнери. Преживеаните се наредија на мразот надвор од камионот, со нетрпение чекајќи да ги добијат топлите оброци. Солт Бае и неговиот тим служеа оброци на луѓе од сите возрасти, ширејќи надеж и добрина во овој тежок период.
Неговиот гест предизвика различни реакции на мрежите поради видеото кое го објави. Некои рекоа дека забавената снимка од мобилната кујна е трик за публицитет, додека други го пофалија гестот за помош на луѓето на кои им е потребна.
Солт Бае стана познат во 2017 година по неговиот уникатен начин на подготовка на месо и виралното видео на кое драматично посипува сол на стек. Тој е многу популарен на социјалните мрежи, а познат е и по учеството во бројни хуманитарни акции.