Европскиот комесар за соседски прашања и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, изрази очекување до Европскиот парламент дека уапсените за инцидентите на омраза врз Бугарите во Република Северна Македонија ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Ова го изјави како одговор на прашањата на бугарските европратеници, при што додаде дека настаните од 4 февруари не се „охрабрувачки“.
Европратеникот Андреј Ковачев праша што повеќе може ЕК да направи за да се надмине моментумот од минатото и омразата во јавното говорење, во академскиот свет, преку политичките кругови во Македонија, со цел да се поддржи побрз прием на оваа земја на ЕУ, што е во заеднички интерес.
– Настаните од 4 февруари не се охрабрувачки. Се надевав на многу повеќе – како што беше одлучено од раководствата на двете земји, ќе има заедничко одбележување на датумот. Се надевам дека ќе успее следната година и нема да има слични настани на границата. Морам да признаам дека за властите во Скопје не е лесна задача да останат смирени доколку има провокации на границите. Заедно, ЕУ мора да испрати порака дека историјата се споделува и како таква треба да се слави. Ќе направиме се што е во наша моќ да ја намалиме тензијата. Се надеваме дека ќе се спроведат сите билатерални договори, рече Вархеји одговорајќи на паршања на бугарските европратеници.
Ковачев побара од Вархеји да потврди дека комисијата ја следи не само промената на македонскиот устав, туку и спроведувањето на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје од 2017 година и двата протоколи, пред да започнат суштинските преговори со Македонија за пристапување.
– Во случајот со Македонија поставивме многу јасни правила во преговарачката рамка, што овозможи свикување на првата меѓувладина конференција. Барањата се јасни, добрососедските односи се неопходни. ЕК ќе го следи прашањето и оваа година очекуваме напредок. Ги гледам настаните, зборував со македонски граѓани кои се идентификуваат како Бугари. Владата во Скопје не само што е свесна, туку и дејствува за искоренување на секаква омраза кон Бугарите. Насилниците се приведени, истрагата продолжува, се надевам дека ќе има случај на суд. Мислам дека ова треба да биде показател за определбата на властите во Скопје – додаде Вархеји во врска со случајот со Христијан Пендиков.
Вархеји најави дека ЕК го следи почитувањето на договорот меѓу Бугарија и РСМ, како и на Договорот од Преспа. Според него, извештајот за напредокот на ПКМ се очекува оваа есен.
Александар Јорданов од ЕПП/СДФ изјави дека во Северна Македонија јазикот на омразата премина во нова фаза – во постапки родени од омраза.
– Главната работа во копенхашките критериуми е почитувањето на човековите права, со децении убиствено се кршат правата на Бугарите во Северна Македонија, додаде тој.
Јорданов праша дали ЕК ќе преземе нешто за последниот инцидент на бугарско-македонската граница и дали и кога РСМ ќе го промени својот устав за да им даде права на Бугарите. Праша и дали се следат македонските учебници по историја, кои со децении подметнуваат лаги за Бугарите, за да ја одразуваат научната вистина општо прифатена од цела Европа.
Вархеји посочи дека ЕК го следи почитувањето на договорот меѓу Бугарија и Македонија, како и на Договорот од Преспа. Тој најави дека извештајот за напредокот на Македонија се очекува да биде објавен наесен.