More

    САД нема да ја снабдуваат Украина со армискиот тактички ракетен систем поради загриженоста дека нема да има доволно за себе

    spot_img

    САД нема да ја снабдуваат Украина со армискиот тактички ракетен систем (АТАКМС) поради загриженоста дека нема да има доволно за себе, изјавија официјални лица за Политико. Од Пентагон заклучиле дека ваквите испораки „ќе ги намалат залихите на Америка и ќе и наштетат на подготвеноста на американската војска“, објави весникот во понеделникот.

    Со кој било пакет, ние секогаш ја земаме предвид нашата подготвеност и сопствените залихи додека на Украина и го обезбедуваме она што и треба на бојното поле. Постојат и други начини за обезбедување на Украина со капацитетите што ѝ се потребни за да ги погоди целите – рече висок воен претставник кој сакаше да остане анонимен.

    За ова биле информирани украинските власти. Киев продолжува да бара ракети со поголем дострел и друго тешко оружје, и покрај воената помош од 30 милијарди долари, која веќе е одобрена од Белата куќа.

    Само 4.000 парчиња?

    Не е јасно колку АТАКМС имаат САД во нивните залихи. Познато е сепак, дека производителот „Локхид Мартин“ направил само околу 4.000 парчиња од различни марки во последните 20 години, од кои околу 600 искористиле американските сили за време на војната во Персискиот Залив и војната во Ирак. Голем број од тие проектили се продадени и на сојузниците, вклучувајќи ги Бахреин, Грција, Полска, Катар, Романија, Јужна Кореја и Турција.

    Киев сега размислува дали да ги побара овие ракети заедно со противвоздушниот систем од овие земји, сојузници на НАТО. Тоа секако, ќе треба да биде одобрено од САД, каде системот се произведува.

    Клучот е во дострелот

    Клучната разлика меѓу системот АТАКМС и ХИМАРС кој моментално го користат Украинците е дека тој има дострел од маскимални 300 километри, што би значело дека ќе можат да се погодат цели и надвор од Украина, нешто од што стравуваат САД и сојузниците. Со овој дострел АТАКМС се приближуваат до можностите на ракетите испукани од системот С-300 и С-400 кои имаат дострели од 300, односно 400 километри.

    На Европа ќе ѝ снема муниција за неколку денови

    Њузвик напиша дека доколку Европа влезе во војна со Русија, некои земји би можеле да останат без муниција во рок од неколку денови, цитирајќи големо истражување кое било направено во НАТО.

    Во меѓувреме битките се водат во Доњецк и во Луганск. Клучниот град Бахмут, постојано е под руска агресија. Руските сили кои го обиколиле градот го гранатираат со силен артилериски оган, соопштија локалните власти. Украинските бранители кои со месеци го бранат градот се подготвуваат за нов пешадиски напад, соопшти украинската армија.

    – Градот, предградијата, целиот периметар и всушност целата насока на Бахмут-Костјанничка се под лудо, хаотично гранатирање – изјавил Володимир Назаренко, заменик командант на украинскиот баталјон Свобода.

    Украинската армија додаде дека биле бомбардирани 16 места во близина на Бахмут.

    Руската државна агенција Тасс јавува дека руските сили вчера уништиле украинско складиште за оружје во регионот Херсон.

    „Вчера од артилериски оган беше уништен магацин за муниција кај селото Антонивка. Уништени се четири возила, загинаа 15 припадници на украинската армија, а 12 беа ранети“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img