Раководството на НБА денеска соопшти дека кошаркарот на Вашингтон Бредли Бил е казнет со 25.000 долари, бидејќи го турнал судијата на натпреварот со Индијана.
Американските медиуми потсетуваат дека Бредли Бил пред два дена на мечот со Индијана во една акција се обиде да спречи топката да излезе надвор од теренот.
Сепак, во таа прилика кошаркарот на Вашингтон го оттурна судијата, кој падна на седиштето покрај теренот. Вашингтон го доби овој натпревар со резултат 127:113.
Бил пропушти 22 натпревари поради повреда и сезонава има просек од 22,5 поени, 5,2 асистенции и 3,5 скока по натпревар. Вашингтон е на 10. место во Источната конференција на НБА со 26 победи и 30 порази.