Пензионерка од Романија се јавила 11.000 пати во Брза помош

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пензионерка од градот Браила, Романија, лани за цела година 11.000 пати се јавила на телефонскиот број за итни случаи 112 – без никаква причина.

Аурелија Санду се јавувала секој ден и барем еднаш во еден час, а како причина ги наведувала и караниците со соседите. Одговорните за повиците ја известиле и полицијата, па докажано неоснованите жалби ѝ донеле казна на Романката од 2.000 леи (околу 410 евра). Но, ни тоа не ја спречило жената.

Се чини, Санду не е единствената… Истата оваа 2022 година, човек од Вранча над 5.000 пати се јавил на единствениот број за итни повици – само за да ги навреди операторите на Специјалната телекомуникациска служба.

– Луѓето се јавуваат затоа што им е досадно, зашто мислат дека е смешно, или пак, ‘мораат’ да пријават измислени злосторства – велат од службата за тамошните медиуми.

Само во 2022 година на телефонскиот број биле регистрирани четири милиони неосновани повици, според извештаи на романската полиција.

Share This Article