Жена од Велика Британија на Фејсбук споделила одличен трик со кој храната во тегли нема да се расипе, односно на нив да не се формира мувла – а експертите се согласуваат дека тоа функционира, пренесува news.com.au.
Имено, таа ги превртува сите тегли наопаку, а во Фејсбук групата „The Prepped Mama“ вели дека со овој метод заштедува пари и го спречува фрлањето храна.
„Откако ќе ја отворите, вратете ја теглата во фрижидер, но наопаку. Свртете ги наопаку за да спречите формирање на мувла. Така заштедувате пари и време“, напиша таа.
Други корисници на Фејсбук и се заблагодарија за овој совет, а еден раскажа како го испробала трикот со доматен сос и како не и тргнал лошо.
Можеби мислите дека целиот фрижидер ќе биде неуреден со овој метод, но експертите велат дека ова е одличен начин за складирање храна, бидејќи кога ќе ја превртите теглата наопаку, многу малку воздух влегува внатре и речиси е невозможно да се расипе. .
Друг совет е секогаш да земате храна од тегла, како џем, сос од домати или некој друг намаз, со чист прибор и да ја чувате отворена што е можно пократко, пишува Вечерњи лист.