More

    Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција

    spot_img

    Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција истакна претседателот на партијата Павле Трајанов по состанокот на Централно собрание во партиското седиште на партијата.

    Трајанов истакна дека нивните ставови не се совпаѓаат со ставовите на владејачката партија. „Нема логика за опстојување, ако постојано ги прифаќате, условно кажано, стаовивте на постариот брат“.

    – Ниту една од програмските определби не се имплементирани. Имавме договор за Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока имаше и закон кој помина на собраниските комисии, меѓутоа е блокиран бидејќи претседателот Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа за законските промени. Тоа беше една од најглавните определби. Понатаму, бевме за тоа да има реформи во судскиот систем и во оваа насока имавме закон за преиспитување на факти и докази користени во судски постапки, а сега е блокиран и не се расправа за него. Третата работа е борбата против корупцијата – баравме неселективна борба и во таа насока имаме проект кој предвидува формирање агенција за борење против висока корупција, но немаме поддршка – рече пратеникот Павле Трајанов.

    Инаку, вчера и Алтернатива ја напушти владината коалиција и соопшти дека ќе делува како опозиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img