Камила, сопруга на кралот Чарлс, е позитивна на коронавирусот, објави Бакингемската палата.
-„По симптоми на настинка, нејзиното височество, сопругата на кралицата Камила беше позитивно на тестот за ковид-19“, соопштија од палатата, според Скај њуз.
Тие додадоа дека поради ова, сопругата кралица била принудена да ги откаже сите активности закажани за оваа недела.
Претходно од Бакингемската палата беше објавено дека Камила морала да ја одложи посетата на Вест Мидлендс, поради „сезонска болест“.